Category: Uncategorized

  • Stonex S880

    GNSS ПРИЕМНИЦИ

  • STONEX GNSS S580+

    STONEX GNSS S580+

    • Следење на сите сигнали
    • 1408 канали
    • Позициона стапка 10Hz
    • 8GB меморија
    • IMU
    • BT/WiFi/GSM
    • Радио екстернално
    • 313 грама
    • -30°C/+65°C
    • IP68

    GNSS приемник за GIS & RTK апликации

    S580+ е компактен и лесен GNSS приемник со извонредни перформанси и сантиметарска прецизност, благодарение на GNSS плочата со 1408 канали. S580+ работи со сите сателитски системи GPS, GLONASS, BeiDou, Galileo и QZSS, и е опремен со IMU технологија која поддржува мерења со наклон на приемникот. Во споредба со традиционалните GIS производи, S580+ е високопрецизен, интелигентен ресивер за собирање податоци кој може да се носи или да се прицврсти на крут висок, нудејќи поголема слобода на движење и флексибилност.

    S580+ може да комуницира со надворешен уред како што се таблет, смартфон или компјутер преку Bluetooth и Wi-Fi. Ресиверот може да се конфигурира преку внатрешниот веб-интерфејс или преку апликацијата Cube-connector за да прима RTK диференцијални корекции и непречено да се поврзе со други софтверски решенеија наменети за геодетски или GIS апликации. Заштитниот гумен капак ја зголемува заштитата на уредот, спречува лизгање и оштетувања; вкупната заштита на уредот достигнува степен IP67 и издржува падови од 1,2 метри на тврди површини.

    IMU сензорите користат комбинација од акцелерометри, жироскопи и магнетометри за прецизно следење на движењето и ориентацијата. Овие напредни сензори нудат корисно решение за реализација на задачи во тешки или недостапни локации.