STONEX · Тотални станици

Stonex R180 е високопрецизна роботска тотална станица создадена за брзо, сигурно и ефикасно изведување геодетски, инженерски и градежни мерења. Благодарение на моторизираното движење со брзина до 180° во секунда, инструментот овозможува исклучително брзо следење и пронаоѓање на призмата, при тивка и рамномерна работа. Достапен е во верзии со аголна точност од 0,5″, 1″ и 2″, што овозможува избор според потребното ниво на прецизност. Напредниот електронски далечиномер обезбедува точност од 1 mm + 1 ppm при мерење со призма, со дострел до 6.000 метри. Во безрефлекторски режим може да се мерат објекти на растојание до 1.000 метри, што е особено корисно кај тешко достапни или непристапни точки. Технологиите Fast360 и Automatic Center Prism овозможуваат брзо автоматско пребарување, препознавање и прецизно центрирање на призмата. TDrive моторот без класични запчаници придонесува за помазно движење, поголема издржливост и намалена потреба од одржување. R180 работи со оперативен систем Android и теренскиот софтвер Cube-a. Инструментот содржи два 6-инчни екрани на допир кои обезбедуваат едноставно управување, додека вградената камера го олеснува визирањето и изборот на точките директно на е…
| Прецизност | 0.5′′ / 1′′ / 2′′ |
|---|---|
| Мерење со призма | До 6000m |
| Точност со призма | 1mm + 1ppm |
| Мерење без призма | До 1000m (800m кај 2") |
| Точност без призма | 2mm + 2ppm |
| Моторизирана | 180°/секунда |
| Комуникација | Bluetooth / WiFi / GSM 4G |
| Екрани | 2 екрани во боја |
| Заштита | IP65 |