STONEX · Тотални станици

Stonex R20 е прецизна, практична и робусна тотална станица наменета за секојдневни геодетски, катастарски, градежни и инженерски задачи. Серијата е достапна во три варијанти: модел со аголна точност од 1″ и безрефлекторски дострел до 1.000 m, модел со точност од 2″ и дострел до 1.000 m, како и модел со точност од 2″ и безрефлекторски дострел до 600 m. На овој начин корисникот може да избере конфигурација според бараното ниво на точност и видот на работата. Со една призма, R20 овозможува мерење на должини до 5.000 m, со точност од 2 mm + 2 ppm. Без употреба на призма, инструментот обезбедува точност од 3 mm + 2 ppm и е особено корисен за мерење фасади, агли на објекти, високи конструкции и тешко достапни точки. Висококвалитетниот дурбин со осветлена мрежа овозможува јасно и удобно визирање и при послаба осветленост. Вградените теренски програми нудат едноставна работна средина за снимање, исколчување, пресметки и управување со податоците. Двата екрани во боја овозможуваат практична работа во двете положби на дурбинот, а Bluetooth врската овозможува поврзување со теренски контролер и користење софтвер, како Stonex Cube-a. Со механизам за заклучување на фините движења и високо ниво н…
| Прецизност | 1′′ / 2′′ |
|---|---|
| Мерење со призма | До 5000m |
| Точност со призма | 2mm + 2ppm |
| Мерење без призма | До 1000/600m |
| Точност без призма | 3mm + 2ppm |
| Комуникација | Bluetooth |
| Екрани | 2 екрани во боја |
| Заштита | IP65 |