STONEX · GNSS приемници

Stonex S999 е напреден RTK GNSS приемник кој ги обединува класичното сателитско позиционирање, визуелното исколчување и фотограметриското мерење. GNSS полочата со високи перформанси и со 1408 канали ги следи сите сателитски констелации и овозможува брзина на позиционирање до 50 Hz. На тој начин приемникот обезбедува сигурно решение за задачи што бараат сантиметарска точност. S999 располага со две камери. Долната камера го олеснува прецизното исколчување со прикажување на реалната околина и насоката кон точка која се обележува, додека предната камера се користи за снимање непристапни точки по фотограметриски пат. Снимениот материјал може да се обработи директно на софтверот во контролерот (Cube-a) или на персонален компјутер (Cube-3d) за формирање облак од точки и 3D мрежа. IMU системот овозможува мерење со наклон на инструментот до 60°, со брза иницијализација и без чувствителност на магнетни пречки. Интегрираниот 4G модем, Wi-Fi и Bluetooth обезбедуваат поврзување со CORS мрежи и контролери, а опционалното 1 W UHF радио работи во опсезите 410–470 MHz и 902,4–928 MHz. Приемникот има 32 GB меморија, автономија до 10 часа и робусно IP68 куќиште, погодно за работа при температури од…
| GNSS систем | 1408 канали; сите главни констелации; B2b PPP и Galileo HAS |
|---|---|
| Канали | 1408 |
| Брзина на позиционирање | 50Hz |
| RTK точност | хоризонтална 5 mm + 0,5 ppm; вертикална 10 mm + 0,5 ppm |
| IMU | наклон 0–60°; хоризонтална несигурност 5 mm + 0,7 mm/° наклон |
| Две камери | долна 2 MP / 72° / 30 fps; предна 2 MP / 88° |
| Радио | 1 W UHF 410–470 и 902,4–928 MHz; 4G LTE |
| Напојување и заштита | 48,96 Wh батерија; до 10 h; 1065 g; IP68; -40 до +65 °C |
| Работна температура | -40°C до +65°C |
| Меморија и поврзување | 48,96 Wh батерија; до 10 h; 1065 g; IP68; -40 до +65 °C |