STONEX · GNSS приемници

Stonex S950 е професионален GNSS приемник наменет за сложени геодетски задачи во кои покрај RTK позиционирањето се потребни визуелно исколчување и мерење непристапни точки. Приемникот користи 1408 канали, ги следи сите современи GNSS сигнали и работи со брзина до 50 Hz. Вградената меморија од 64 GB овозможува складирање на податоци од голем број мерења. Интегрираната IMU го компензира наклонот на инструментот до ±60°, со што точките може да се мерат побрзо и без постојано центрирање на либелата. S950 има две камери: долна камера од 5 MP за прецизно AR исколчување и задна камера од 2 MP. Зелен ласерски зрак наменет за мерење растојание со домет до 30 m овозможува определување координати на фасади, агли, високи или физички недостапни точки. Комбинирањето на GNSS, IMU, камерата и ласерот значително ја проширува примената на системот во урбана средина и на градилишта. За база–ровер комуникација е вградено 2 W UHF радио со дострел до 10 km во оптимални услови. Достапни се и 4G, Bluetooth 5.2, Wi-Fi и USB Type-C. Со маса од 810 g, автономија до 10 часа, IP67 заштита и отпорност на пад од 2 m, S950 нуди добар спој на мобилност, прецизност и издржливост.
| GNSS систем | GPS, GLONASS, Galileo, BeiDou, QZSS, IRNSS и SBAS |
|---|---|
| Канали | 1408 |
| Брзина и меморија | до 50 Hz; 64 GB внатрешна меморија |
| RTK точност | хоризонтална 8 mm + 1 ppm; вертикална 15 mm + 1 ppm |
| IMU | наклон до ±60°; RTK + IMU: 5 mm + 0,3 mm/° |
| Две камери | долна 5 MP / 76° / 20 fps; задна 2 MP / 52° |
| Ласерски далечиномер | зелен ласер; точност 2 mm; дострел до 30 m |
| Радио и поврзување | 2 W UHF 410–470 MHz; 4G, Bluetooth 5.2, Wi-Fi и Type-C |
| Работна температура | -40°C до +65°C |
| Заштита | IP67 |